Поврзете се со нас

Евролига

Олимпијакос има иделна замена за Везенков, Мициќ оди во НБА лигата

Објавено

на

foto:twitter.com/Olympiacos_BC

Составот на Олимпијакос остана без еден од клучните играчи, Александар Везенков кој во иднина ќе игра во НБА лигата во редовите на Сакраменто Кингс.

Бугаринот доби тригодишен договор вреден 20 милиони долари, па ќе се испроба во најсилниот кошаркарски шампионат на светот што секако ќе биде нов предизвик за него откако минатава сезона беше прогласен за најдобар играч во Евролигата.

Клубот од Пиреја има идеална замена за Везенков, поточно испразнетото место сака да го пополни со Никола Миротиќ. Миротиќ се уште е под договор со Барселона, ама е јасно дека ќе дојде до разделба, шпанците имаат друг план во кој нема место за некогашниот ас на Чикаго Булс, Њу Орлеанс Пеликанс и Милвоки Бакс.

Наводно Олимпијакос е спремен да му понуди на Никола двегодишен договор според кој тој и понатаму ќе остане меѓу најплатените играчи во Европа.

Кога се во прашање најквалитетните европски играчи, Василије Мициќ има нов клуб и нема повеќе да го гледаме во Анадолу Ефес.

И Србинот оди во НБА каде ќе биде дел од Оклахома Сити Тандер за договор вреден 23,5 милиони долари. Се работи за соработка на три години, период кој дефинитивно е доволен за плејмејкерот да се потврди и на најголемата сцена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни