Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Окафор продолжи да стрела и го реши Динамо, прва радост за Лајпциг (ВИДЕО)

Објавено

на

Динамо Загреб на нашите репрезентативеци Аријан Адеми и Стефан Ристовски претрпе пораз од Салцбург од 1-0 во мечот од третата рунда од групната фаза на Лигата на шампионите.

Домашниот тим беше подобар, поконретен и таа нивна игра им донесе позитивен резултат, три бода со погодокот на Окафор од пенал во 71 минута. Интересно е тоа што Швајцарецот со ова ја продолжи серијата затоа што претходни стрелаше за австрискиот првак против Милан и Челси, односно сите три гола на тимот се негово дело.

Адеми го одигра целиот меч, Ристовски остана на клупата за резерви.

РБ Лајпциг дојде до првото славје и тоа против Селтик од 3-1. Нкунку и Силва (2) стрелаа за „биковите“, додека едниствениот гол на спротивната страна беше дело на Жота.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни