Поврзете се со нас

Мото ГП

Официјално: Познато за кој тим ќе вози Маркез во 2024. година (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/HRC_MotoGP

Марк Маркез пред една недела потврди дека си заминува од Хонда после незаборавни 11 години како дел од јапонскиот тим, но ова утро пристигна официјална информација и за следниот чекор во неговата кариера.

Осумкратниот светски шампион нема задоволувачки резултати изминативе две сезони и остана разочаран од прогресот кој го прави Хонда, па реши да ја прекине соработката на една година пред истекот на договорот и да побара поамбициозен проект.

Дукати во овој момент е најдобар мотоцикл во кралската класа, па Маркез дочека шанса да добие повик од Италијанците, иако тоа не е од фабричкиот тим.

Маркез ќе вози за сателитскиот тим Дукати Гресини во 2024-та година, а денеска ја даде и првата изјава по официјализирањето на зделката.

– Навистина сум многу мотивиран за новиот предизвик кој ќе го имам. Ова не беше лесна одлука за мене, бидејќи ова значи промена во секоја гледна точка. Понекогаш во животот мора да излете од својата комфорна зона и да се предизвикате. Ќе променам мотоцикл после толку години, знам дека ќе мора да се навикнам на многу работи и дека ќе мора да го променам мојот стил на возење. Нема да биде лесно, но убеден сум дека сите во Грисини ќе ми помогнат. Едвај чекам да го запознаам новиот тим и да почнам да работам, – порача Маркез кој во новата сезона ќе вози како тимски колега на својот брат Алекс кој од претходно е дел од Дукати Гресини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни