Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Од славје и ерупција до големо разочарување: Реакциите на Карагер на сите голови на дербито на „Енфилд Роуд“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Ливерпул иако водеше со 2-0 на крајот претрпе тежок пораз од Реал Мадрид од 5-2 во првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите.

„Црвените“ имаа идеален старт на „Енфилд Роуд“, но и покрај убедливото водство едноставно пропаднаа во преостанатиот дел во кој противникот испорача дури пет „парчиња“ во нивната мрежа и сега е во идеална ситуација за пласман меѓу осумите најдобри во натпреварувањето.

Ваквиот резултат и игра пред се во второто полувреме ги разочара навивачите на Ливерпул меѓу кои е и легендата на клубот Џејми Карагер. Карагер во студиото на „Си-Би-Ес“ Спортс го гледаше и коментираше мечот во Ливерпул, а од неговите реакиции при головите беше составена интересна компилација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни