Поврзете се со нас

Европски купови

Обрадовиќ за војната во Украина: Не се зборуваше вака кога ја бомбардираа мојата земја

Објавено

на

Составот на Партизан одигра многу лошо и претрпе пораз од Лиеткабелис (93:78) во рамките на Еврокупот, пораз кој дојде по фантастичното издание против Црвена Звезда во АБА лигата.

Тренерот Жељко Обрадовиќ сосема очекувано беше разочаран од партијана на неговите момци од кои издвои само двајца играчи со позитивна оценка и тоа Раде Загорац и Кевин Пантер. Меѓутоа освен за натпреварот и за кошаркарски теми, Обрадовиќ доби можност да проговори и за воениот конфликт меѓу Украина и Русија кој влијае и врз спортот, кошаркарката со оглед на тоа што суспензија добија руските клубови.

-Не сакам да давам никаква изјава, ова не е прва војна во нашиот живот. Имам 62 години, се сеќавам на многу работи во мојот живот, но не се сеќавам дека луѓето толку многу зборуваа кога мојата земја беше бомбардирана во 1999 година, -рече Обрадовиќ алудирајќи на бомбардирањето на НАТО врз Србија.

-Не видов луѓе како реагираат и зборуваат толку многу. Исто така, во Ирак, Сирија и Авганистан. Сега луѓето зборуваат за тоа што се случува во Украина и секако дека имаат право на тоа. Се разбира како личност, јас сум против секаков вид на војна, страшно е кога само еден човек ќе загине во која било војна, -порача најтрофејниот европски кошаркарски тренер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни