Италија
Објавено видеото од Залевски и неговиот старт за жолт картон во 94. минута (Видео)

Скандалот со обложување на спортски натпревари донесе сериозен потрес во италијанскиот фудбал и под истрага се неколку звучни фудбалери, а од вчера стана познато дека на оваа листа е и Никола Залевски.
Младиот фудбалер на Рома им се приклучи на Тонали, Ѕаниоло и Фаџоли кои веќе даваа изјава пред полицијата, но според вестите од Апенините, Залевски отишол чекор подалеку и се обложил за натпревар на кој тој играл.
Наводно, Залевски се обложил дека ќе добие жолт картон на натпревар против Салернитана кој на крајот заврши 2:2, а на кој тој беше опоменат во 94-та минута.
Видеото од инцидентот стана вирален хит во изминатите неколку часа и лесно може да се заклучи дека Залевски намерно прави прекршок, поради кој сега може да добие и ригорозна казна.
„Ла Република“ открива дека во целиот скандал се вклучени околу 10-тина фудбалери и нивните имиња дополнително ќе бидат објавени, а доколку истите не соработуваат, може да добијат и суспензија од три години.
La discussa ammonizione di Zalewski al 94' di Roma-Salernitana, partita semi-inutile ai fini di classifica pic.twitter.com/051T2RUcuL
— Antonio Rudy Guede (@DaznForza) October 13, 2023
-
Шпанијапред 19 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 15 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 14 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 18 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Италијапред 16 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 14 часа
Борусија и Манчестер Јунајтед на тајни преговори за размена во јануари