Поврзете се со нас

Англија

Обамејанг за тешките зборови кон Артета: Ова видео беше снимено…

Објавено

на

Напаѓачот на Челси, Пјер Емерик Обамејанг одново е во Англија и тоа во редовите на Челси што значи дека ќе има можност да игра против тимот во кој имаше одлични настапи на островот, екипата на Арсенал.

Тој не се раздели баш најдобро со „топчиите“ и причината за тоа беше менаџерот Микел Артета кој пак сезонава фантастично го води клубот кој е на првото место во Премиер лигата.

Во моментите кога составот од северен Лондон „грми“ се појави едно видео во која Габонецот упатува тешки зборови кон Шпанецот.

– Артета не е за големи играчи и важни карактери, не може да се справи со тоа. Тој е само за млади играчи кои не можат да му кажат ништо, порачува напаѓачот во видеото кое стана вирално.

Обамејанг уловен во опуштено издание во кое испраќа тешки зборови за Артета (Видео)

Членот на Челси сметаше дека треба да се огласи и појасни неки работи, па обелодени дека истото е снимено при неговото доаѓање во Барселона.

-Бев свесен дека постои видео кое беше снимено веднаш откако пристигнав во Барса. Во тоа време сè уште имав многу лоши чувства во мене – Арсенал прави одлични работи оваа сезона и им посакувам добро на сите мои стари момци, само не на 6 ноември, -порача африканецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни