Поврзете се со нас

Формула 1

Нова сезона – стара приказна: Ферстапен издоминира во Бахреин, Ред Бул е недопирлив за конкуренцијата

Објавено

на

Foto:twitter.com/redbullracing

Стартот на новата сезона во Формула 1 не ветува големи возбудувања за неутралните фанови на мото спортот, бидејќи Макс Ферстапен уште еднаш демонстрираше страшна доминација и покажа дека не постои конкуренција за него во овој момент.

Иако се бунеше за стабилноста на болидот за време на тренинзите, Макс и Ред Бул го пронајдоа вистински рецепт за триумф и денеска извојуваа голема победа на првата трка во новата сезона, односно на Големата награда на Бахреин.

Ферстапен блескаше на „Сакир“ и направи огромна разлика во однос на конкуренцијата уште на самиот почеток, додека Ред Бул само потврди дека е недостижен за останатите и со перформансите кои ги прикажа Чеко Перез.

Мексиканецот стартуваше како петти и брзо падна на шестото место, но откако успеа да се консолидира, почна лесно да ги минува ривалите и на крајот рутински заврши како втор.

Ферстапен беше далеку пред него со повеќе од 20 секунди предност, а денеска за место на подиумот се избори Карлос Сајнц кој пак ја доби битката со својот тимски колега Шарл Леклер кој стартуваше како втор.

Расел, Норис и Хамилтон се погрижија за британски поредок од петтото до седмото место, додека меѓу првите десет се најдоа уште Пјастри, Алонсо и Строл.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни