Поврзете се со нас

Светски првенства

Нов тежок удар за „аѕурите“: Италијанците го загубија и четвртото финале во неполни две недели (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Uruguay

Италијанските тимови направија голем погрес оваа сезона и видовме дури три претставници од Серија А во големите финалиња на европските купови, но за жал, ниту еден не успеа да го освои посакуваниот трофеј.

Рома загуби од Севилја во финалето во Лига Европа, Фиорентина беше совладана од Вест Хем во Конференциската лига, но поразот на Интер од Манчестер Сити во најважното финале во ЛШ не беше крај на лошата серија.

Италијанската фудбалска репрезентација до 20 години во раните утрински часови се бореше за титулата светски шампион, но младите „аѕури“ потклекнаа на последниот испит и се задоволија само со сребрениот медал.

Уругвај е нов шампион во младинска конкуренција откако успеа да постигне гол преку Лусијано Родригез во 86-та минута, момент кој беше клучен на финалето кое се одигра во Аргентина.

На овој начин, видовме четврти италијански пораз во финалињата во неполни две недели, период кој сигурно ќе биде брзо заборавен од цела спортска јавност на чизмата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни