Поврзете се со нас

Македонија

Нов интернационален предизвик: Јелена Антиќ повторно ќе игра во Израел

Објавено

на

Една од нашите најдобри кошаркарки, Јелена Антиќ договори нов клупски ангажман и тоа надвор од нашите граници.

Антиќ во оваа сезона беше најдобриот играч на скопски Вардар, но сега од Македонија заминува во Израел и тоа во редовите на Макаби Ашдод. Ова за Македонката е враќање во добра позната средина затоа што ги бранеше боите на истиот во кампањата 2014/2015.

Јелена со новиот тим ќе игра и во ФИБА Еврокупот што значи дека е одличен предизвик, тест на највисоко ниво.

Кога се во прашање предизвиците надвор од нашата земја, таа има настапувано уште за Партизан од Белград, Радивој Кораќ, Ман Филтер, ЦСУ Алба Јулија, Лулеа баскет, Висла Краков и Намур Капитале.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни