Поврзете се со нас

НБА

Нов дебакл на Голден Стејт, Сиакам со рекордна партија го замолкна „Медисон Сквер Гарден“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс доживеаа уште еден дебакл во НБА лигата и тоа овојпат на гостувањето кај Бруклин Нетс со 143-113.

Иако за „воините“ не настапија Кари, Томпсон и Вигинс дефинитивно овие резултати се загрижувачки за шампионот кој надвор од својот дом има само 3 победи на 19 натпревари. Со убедливиот пораз против Бруклин, составот од Сан Франциско влезе во историјата и тоа од негативен аспект, стана втор тим кој како актуелен шампион (првиот е Чикаго Булс во 1998-1999) кој губи натпревари во низа со 30+ разлика.

Дури осум играчи на Нетс беа двоцифрени од кои прво име беше Дурент со 23 поени, додека резервистот Вајсмен за поразените уфрли 30 кошеви.

Паскал Сиакам пак имаше рекордни во кариерата 52 поени со кои му овозможи на Торонто Репторс да слави над Њујорк Никс со 113-106. Тој е четврти активен играч по Харден, Кари и Леброн кој успеал во славниот „Медисон Сквер Гарден“ да има ваков поентерски учинок, а воедно само петти кошаркар во историјата на Торонто со 50+ кошеви.

НБА, резултати:
Кавалирс – Бакс 114:106
Сиксерс – Пистонс 113:93
Хокс – Булс 108:110
Селтикс – Пејсерс 112:117
Нетс – Вориорс 143:113
Никс – Репторс 106:113
Рокетс – Меџик 110:116
Тимбервулфс – Маверикс 99:104
Тандер – Блејзерс 101:98
Кингс – Лејкерс 134:120
Клиперс – Хорнетс 126:105

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни