Шах
Никола Бошковски со фантастичен триумф до првиот пехар

Членот на младинскиот тим на ШК Алкалоид, Никола Бошковски, го освои првото место на овогодинешното издание од традиционалниот младински шаховски турнир „Наум Наумовски – Борче“, при што извојува седум победи во седум партии.
Бошковски кој има 15 години и беше петти носител на турнирот за младинци до 18 години, според стартниот рејтинг (1381), иако по тој параметар беше послаб за повеќе од 200 поени од прворангираните, а воедно и помлад од дел од нив, успеа да стигне до првото место без изгубен поен. Со тоа тој го подобри сопствениот рејтинг за 68 бода.
Традиционалниот турнир кој се организира по повод патронатот на основното училиште „Наум Наумовски – Борче“ е еден од најмасовните организиран во Македонија, а оваа година имаше гости од Албанија, Грција и Турција.
Во највисоката категорија имаше 56 учесници, а дополнително, во категориите за помлади учесници се одржаа уште два придружни турнира, за деца до 10 години и за деца до 8 години. На првиот победи Ерди Кани од Албанија, а на вториот Матеј Диванисов, при што на двата турнира имаше по 20 играчи.
-
Шпанијапред 6 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Англијапред 10 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Германијапред 8 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 10 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 9 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 7 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Италијапред 14 часа
Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус
-
Македонијапред 3 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!