Поврзете се со нас

Репрезентација

Несторовски ќе го предводи нападот на Македонија против Финска

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација вечера игра пријателска средба против Финска, средба за која селекторот Благоја Милевски ги отвори картите, односно позната е почетната единаесетка за дуелот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Повратникот во националниот состав Илија Несторовски ќе го предводи нападот, а најголема негова помош во офанзивните задачи треба да биде Елиф Елмас.

На голот е Димитриевски, потоа тука се уште Бејтулаи, Муслиу, Ристовски, Алиоски, Серафимов, Николов, Барди и Спировски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни