Поврзете се со нас

АТП

Неочекувана елиминација на Ѓоковиќ: Анонимен Италијанец режираше голема сензација на Индијан Велс

Објавено

на

Foto:twitter.com/BNPPARIBASOPEN

Новак Ѓоковиќ доживеа неочекувана елиминација во третата рунда на АТП Мастерсот во Индијан Велс, откако рано утрово беше шокиран во калифорниската пустина од анонимен Италијанец.

Светскиот рекет број еден загуби сет од Вукиќ и во воведната рунда и се чинеше дека тоа е резултат на долгата пауза која ја направи, но намесо да ја крене формата, Србинот доживеа огромно разочарување во пресметката со Лука Нарди.

20-годишниот Италијанец многу рано ја запиша најголемата победа во својата кариера, но како 123-ти тенисер на АТП листата, мора да се признае дека никој не го очекуваше тоа од него.

Нарди го доби првиот сет во 6:4 и Ноле беше принуден да се освести и да брка резултатска негатива, па иако одговори во следниот кој го доби со 6:3, во одлувачкиот сет не го одржа истото темпо.

Младиот Италијанец направи брејк во шестиот гејм и потоа на свој сервис зголеми за водство од 5:2, а до крајот лесно и рутински славеше со 6:3 за режирање на најголема сензација во досегашниот тек на Индијан Велс.

Инаку, Нарди загуби од Давид Гофан во претпоследното квалификациско коло на Индијан Велс, но потоа како „лаки лузер“ влезе во главниот ждреб и неколку дена подоцна се погрижи за победа која ќе ја памети до крајот на животот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни