Поврзете се со нас

Франција

Нејмар одобри објава која го издвојува Мбапе како главен виновник за неговото заминување од ПСЖ (Фото)

Објавено

на

Нејмар е поблиску до заминување од Париз од било кога и практично има договорено се со Ал Хилал од Саудиска Арабија, клуб кој му нуди излез на Бразилецот кој мина неколку турбулентни сезони во ПСЖ.

„Светците“ ја прифатиле понудата вредна 100 милиони евра и сега само завршни детали го делат Нејмар од трансфер во Саудиска Арабија, нешто што може да се намириса и од неговите активности на социјалните мрежи.

Француските медиуми веќе го претставуваат Нејмар како екс играч на ПСЖ, но бразилската ѕвезда привлече внимание со својот „лајк“ кој го стави на една објава која стана вирална.

– Полемика: Минатото лето, Килијан Мбапе му стави јасно на ПСЖ дека нема место во ист тим за него и за Нејмар. Сосема случајно, на денот кога Нејмар договори речиси се со Ал Хилал, Мбапе повторно стана супер-среќен, – гласи објавата која беше одобрена од Нејмар со „лајк“ на Инстаграм.

Ова само потврдува дека двете ѕвезди немаа најдобар однос во последната сезона која ја одиграа заедно, па со тоа пропаѓаат натписите дека Меси бил тој кој го нарушил нивното пријателство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни