Поврзете се со нас

Италија

Недисциплина во таборот на „волчицата“: Рома има двајца офанзивци кои „газат“ со картони во оваа сезона

Објавено

на

Рома во оваа сезона влезе со амбиции да ги нападне Топ 4 местата во Серија А и на тој начин да се врати во Лигата на шампионите, меѓутоа како што одминува времето тоа изгледа како (не)возможна мисија со оглед на жестоката конкуренција, но и поради фактот што „волчицата“ игра неконстантно и прави киксови како против Џенова каде освои само бод на „Олимпико“.

Освен со формата, резултатите клубот предводен од Жозе Мурињо има проблеми со дисциплината и тоа со играчи од офанзивната линија што е дефинитивно почудно во оваа ситуација. Имено двоецот Тами Ејбрахам-Николо Ѕаниоло сезонава има заработено 15 жолти картони и два црвени меѓу нив што навистина е загрижувачки податок за играчите од кои пред се се очекуваат голови.

Колку е лош овој учинок најдобро говори оваа споредба, осум дефанзивци во Серија А и тоа Шкринир, Де Фрај, Ачерби, Томори, Кјаер, Кјелини, Бонучи и Кулибали комбинирано имаат добиено 14 жолти картони, а севкупно двапат предвреме го напуштале теренот (црвен).

Иако оваа споредба и не е баш коректна (со оглед на повредите здобиени од Кјаер и Кјелини, на пример), таа го истакнува очигледниот дисциплински проблем на Ејбрахам и Ѕаниоло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни