Поврзете се со нас

НБА

НБА ѕвезда која освои титула со ЛеБрон суспендирана поради допинг (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/cavs

Кливленд освои историска НБА титула во 2016-та година и го израдува цел град кој цела вечност чекаше за такво големо славје, а еден од оние кои беа дел од златната генерација беше и Тристан Томпсон.

Искусниот центар се врати во Кливленд минатата година и ја започна својата втора етапа во франшизата со која ги имаше најголемите успеси, па иако нема баш некој посебен учинок оваа сезона, сега се најде во центарот на вниманието поради непријатна вест.

Томпсон паднал на последниот допинг тест откако било утврдено дека ги прекршил правилата на НБА лигата, па организацијата експресно му изрече суспензија од 25 натпревари.

Тристан нема да може да им помогне на своите соиграчи бидејќи бил позитивен на ибутаморен и лигандрол, супстанци кои обично се внесуваат во телото за добивање на мускулна маса и кои се познати во светот на бодибилдингот.

Сепак, станува збор за додатоци во исхрана кои се забранети од страна на НБА лигата, па сега Томпсон ќе мора да ја одлежи својата казна која му беше изречена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни