Поврзете се со нас

АТП

Најголемиот критичар на Ѓоковиќ: Човек во тие години не смее да биде број еден

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ го шокираше светот на тенисот со поразот што го доживеа од Лука Нарди на Мастерсот во Индијан Велс.

Италијанецот е дури 123 на АТП листата, па токму тоа говори за неговиот резултат, сензацијата која ја приреди на турнирот во Калифорнија.

Србинот ретко има вакви пропусти, порази кои се далеку од неговиот квалитет, класа, ама и тоа се случува затоа што ова е спорт, односно е нормално понекогаш да имате лош ден. Ѓоковиќ е познат по тоа што има доста критичари, а еден од оние кои редовно сакаат да го прозиваат, коментираат е американскиот новинар, Бен Ротенберг кој имаше што да порача во негов стил по поразот на Новак во третата рунда.

-Не знам каква е иднината на Ѓоковиќ, но ако продолжат овие резултати, ќе разбереме колку е лудо што е толку добар на негова возраст. Има речиси 37 години! На таа возраст, играч не треба да биде светски рекет број еден, ниту да освојува грен слем, -порача Ротенберг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни