Поврзете се со нас

Германија

Нагелсман: Сакам со трофеј да си заминам од Лајпциг

Објавено

на

Екипата на РБ Лајпциг ќе игра во финалето на Купот на Германија каде ќе ги одмери силите со Борусија Дортмунд.

„Биковите“ во полуфиналето по 120 минути беа подобри од Вердер Бремен со 2-1, а пак „милионерите“ беа немилосрдни во битката со Холштајн Кил, битка која ја добија со 5-0. Ова значи дека на 13 мај во Берлин не очекува интересен натпревар во кој само еден може да биде победник, да ја освои титулата.

Тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман се надева дека неговата екипа ќе биде поуспешна и со тоа на идеален начин ќе ја заврши приказната со оглед на тоа што од следната сезона седнува на клупата на Баерн Минхен.

-Навистина сакам да се простам од Лајпциг со трофеј. Тоа би било совршено, -кратко порача талентираниот стручњак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни