Поврзете се со нас

АТП

Надал му посвети посебни зборови на Ѓоковиќ: Ноле, ова е за тебе (Видео)

Објавено

на

Рафаел Надал според многумина е еден од најскромните шампиони кои некогаш се појавиле во било кој спорт, но истовремено важи и за вистински џентлмен кој тоа го покажал во безброј наврати.

Уникатниот рекордер на Ролан Гарос беше еден од првите кои му честиташе на Новак Ѓоковиќ за освоената трета титула на Френч Опен и поставувањето на нова грен слем историја, бидејќи Србинот во неделата стана првиот тенисер кој освоил 23 титули на четирите најпрестижни турнири.

Неколку дена подоцна, Надал имаше обраќање пред матурантите во својата тениска Академија и одново проговори за успехот на неговиот голем тениски ривал, со кого сепак негуваат навистина посебна почит на теренот, но и надвор од него.

– Ова е за тебе Ноле. Честитки за неделниот успех, – порача Рафа на социјалните мрежи, каде го сподели и своето обраќање.

– За крај, пред неколку дена заврши Ролан Гарос. На прво место сакам да му честитам на Новак Ѓоковиќ за тоа што оствари нешто што никогаш не беше остварено во машкиот тенис. Стигна до 23-та грен слем титула, тоа се бројки кои пред неколку години изгледаа невозможни за достигнување. Тој успеа и затоа големи честитки до Новак, лично од мене, но и од целата Академија. Оствари нешто што е многу тешко во спорт кој е максимално компетитивен, – изјави Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни