АТП
Надал излезе со нова вест која сите со нетрпение ја очекуваа

Рафаел Надал е во аут од стартот на 2023-та година и оваа сезона единствен настап имаше на Австралија Опен, па најновите проценки се дека следниот настап ќе го има токму на тенискиот грен слем во Мелбурн на стартот на 2024-та година.
Шпанецот направи операција на колкот и мораше долго да мирува и воопшто да нема никаков контакт со рекетот, но во последно време тренира се поинтензивно и сега е горд што може да каже дека конечно гледа прогрес.
Надал до пред два месеци не беше сигурен дали воопшто ќе му се врати на тенисот, но денеска во најновото излагање пред шпанските новинари дал оптимистичка изјава која сите со нетрпение ја очекуваа.
– Знам дека сите очекувате нешто ново од мене, па можам искрено да ви кажам дека навистина мислам дека ќе се вратам на тенисот. Не сум подготвен да ви кажам точно кога и на кое место, но работите еволуираат на посакувано ниво и имам прогрес.
– Пред неколку недели не бев во можност да кажам дали ќе се вратам со сигурност, но направив позитивни чекори назад и сега можам да кажам дека ќе се вратам. Наредните неколку седмици ќе добиете поконкретен одговор за тоа кога ќе се вратам. Тоа ќе го дознаете прво од мене, – им порачал Надал на новинарите во Шпанија.
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 20 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 17 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 22 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Шпанијапред 16 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Европски првенствапред 19 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Англијапред 7 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него