Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ од Гевгелија ја започнува одбраната на титулата, скопско дерби на стартот

Објавено

на

Во просториите на Кошаркарската федерација на Македонија беа извлечени натпреварувачките броеви со кои се формираше распорадот на натпреварите во најсилната домашна машка конкуренција.

Согласно Бергеровиот систем за натпреварување, ги имаме двојките за првата рунда која ќе се одигра на 30 септември и 1 октомври. Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје првиот тест во натпреварувачкаат 2023/2024 ќе го има на гостински терен во Гевгелија против составот на Кожув.

Амбициозниот Пелистер ќе се соочи со секогаш незгодниот Гостивар, додека на стартот имаме и една интересна скопска пресметка, Работнички-ТФТ.

ДВОЈКИ 1. КОЛО (30.09/01.10,2023)

Гостивар – Пелистер

Академија ФМП – Еуро Никел 2005

Чаир 2030 – Феникс 2010

Кожув – МЗТ Скопје Аеродром

Работнички – ТФТ

Вардар – Охрид

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни