Поврзете се со нас

Италија

Мурињо е уникат: Ангажираше елитен фудбалски судија, играчите ја добиле првата лекција

Објавено

на

Жозе Мурињо нависитна често протестираше за судиските одлуки на натпреварите кои ги игра Рома и остана збунет од интерпретацијата и користењето на ВАР системот, па поради тоа, се решил за еден интересен потег кој е својствен само за него.

Искусниот португалски стручњак решил да го ангажира неодамна пензионираниот фудбалски судија Џанпаоло Калварезе, кој одлучи да стави крај на кариерата изминатово лето.

Калварезе го прифатил повикот од Мурињо и негова задача ќе биде да им ги објасни ВАР одлуките и сите детали околу видео технологијата на Жозе и на играчите на Рома, кои веќе го имале првиот состанок со познатиот арбитар.

Судијата ќе има тесна врска со тренерот на Рома во наредниот период и ќе се обиде да му ги објасни сите нејаснотии и дилеми поврзани со ВАР системот, но покрај консултантските карактеристики, ќе има и улога на учител во примавера тимот на „волчицата“ и женскиот тим.

Целта на Калварезе ќе биде да ја намали тензијата која постои меѓу Мурињо и судиите во Серија А, но и да ги обучи сите играчи на Рома како да имаат подипломатски однос со арбитрите. Од тоа што го пренесува „Кориере дело Спорт“, играчите на Рома ја добиле првата лекција од судијата во предавање кое траело околу еден час.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни