Поврзете се со нас

Свет

Мурињо: Два пати одбив да ја преземам Португалија

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо реализирал интервју со Фабрицио Романо, а во него зборувал на различни теми, вклучувајќи ја и последната работа во Рома, каде неодамна доби отказ од клубот.

Португалскиот стручњак меѓу другото открил дека пред неколку месеци одбил понуда да ја преземе португалската репрезентација, а тоа не му било првпат да се најде во ваква ситуација.

– Два пати ми беше отворена вратата во Португалија, имав понуда да ја преземам селекторската функција.

– Првиот пат беше кога бев во Реал Мадрид и требаше да бидам паралелно и португалски селектор, но Флорентино Перез не дозволи такво нешто и јас се повлеков.

– Вториот пат беше за време на престојот во Рома, каде бев отпуштен неколку месеци подоцна. Дали жалам што одбив? Не, бидејќи во моментот кога ја носев одлуката бев сигурен дека е правилна. Ако ми кажете да преземам репрезентација, пред СП, ЕП или друг турнир, сигурно би уживал, во спротивно не знам дали ќе можам да чекам две години, – рекол Мурињо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни