Поврзете се со нас

Италија

Морати за играчите на Милан кои сака да ги види во дресот на Интер: Тие се феномени!

Објавено

на

Интер го растури Милан во пресметката за трофејот во Супер Купот на Италија и со тоа донесе радост на своите навивачи меѓу кои дефинитивно е и долгогодишниот претседател и прв човек на клубот, Масимо Морати.

Морати е горд, среќен кога „нероаѕурите“ победуваат, освојуваат титули. Секако Масимо посакува екипата да продолжи да ниже успеси и сезонава да биде најдобар и во Серија А, ама е свесен дека Наполи игра фантастично и оти ќе биде тешко да се дојде до Скудетото.

-Ова е уште едно натпреварување и се може да се случи. Милан би можел да се врати на вистинскиот пат и да цели директно кон Скудетото или да го загуби тлото под нозете. Истото важи и за Интер. Имаат феноменални играчи и доколку најдат константност може да дојде до претекнување на табелата.

-Ама Наполи се уште е во водство и со десет бода предност мораме да бидеме многу претпазливи пред да зборуваме за Скудетото, -вели Морати кој посочи двајца играчи кои од Милан сака да ги види во Интер.

-(Рафаел)Леао секако би бил многу корисен за Интер! Како и Тео Ернандез. Тие навистина се два феномени, -порача некогашниот сопственик на тимот од Милано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни