Европски првенства
„Мирор“ предизвика контроверзи со насловната страна: Фала богу што не игравме против цела Македонија

Англиските медиуми очекувано одвоија многу простор за случувањата на фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Англија од квалификациите за ЕП 2024, а самиот тек на настаните во Скопје овозможи и различни коментари и дебати.
Англиските фанови не се задоволни со ремито, но сепак составот на Герет Саутгејт и со бод го задржа првото место во квалификациската група, во која заслужено стигна до директен пласман на ЕП.
Меѓу различните коментари и насловни страни на медиумите се издвои таа на тиражниот таблоид „Мирор“, кој реши да го одбележи натпреварот со контроверзен наслов, погоден за отворање бесконечни дебати.
– Фала богу што не игравме против цела Македонија, – стои преку цела страна на „Мирор“, медиум кој алудира на името Северна Македонија, а тоа не остана неприметено и кај другите медиуми.
– Претпоставуваме дека се работи за шега, отколку за непознавање на европската географија, – напиша „Би-Би-Си“ во коментарот за оваа насловна страна.
-
Шпанијапред 16 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Италијапред 14 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Европски првенствапред 17 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Англијапред 20 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 19 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Европски првенствапред 16 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 13 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Германијапред 23 часа
Баерн бара наследник на Нојер, фокусот повторно кон Серија А