Поврзете се со нас

Лига на нации

Миовски: Грузија поседува квалитет, но ние одиме на победа

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за незгодното гостување во Грузија, каде ќе го одигра претпоследниот натпревар од актуелниот циклус на Лигата на нации.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски загубија на домашен терен од истиот противник, па овој резултат може да биде само дополнителна мотивација во пресрет на вториот дуел против актуелниот лидер во групата.

Напаѓачот Бојан Миовски игра во одлична форма во дресот на Абердин и најавува дека тој и колегите ќе направат се, за да стигнат до триумф над Грузија.

– Грузија напредуваше многу последните години како репрезентација, тоа го покажа и во второто полувреме на дуелот во Скопје.

– Сепак, мислам дека доколку ние постигневме гол во првиот дел, тоа ќе беше друг натпревар. Сега ќе ни недостасуваат важни фудбалери, но ќе го дадеме максимумот и знаеме дека не очекува пеколно гостување, на кое ние ќе размислуваме само за победа.

– Селекторот на овие неколку тренинзи не подготвува за средбата, ни ги посочува слабите точки на грузиската одбрана, мислам дека ќе го покажеме на терен тоа што го тренираме. Грузија е во подобра позиција бидејќи и со реми ќе го задржи првото место, веруваме во нас и мислам дека ќе победиме иако знаеме дека ќе биде многу тешко, – вели Миовски.

Натпреварот Грузија-Македонија се игра во петок од 18 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни