Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски одбра за Молдавија: Миовски и Ристовски ќе го предводат нападот во формација 3-5-2 (ФОТО)

Објавено

на

Македонија денеска го игра првиот од двата пријателски натпревари во Анталија, а за ривал ќе ја имаме селекцијата на Молдавија во терминот од 15:30 часот.

Селекторот Благоја Милевски ги отвори картите и веќе ја имаме почетната постава во формација 3-5-2. На голот ќе биде стандардниот Димитриевски, стоперската позиција ќе ја пополнат Серафимов, Муслиу и интересно Илјазовски.

Како бекови или играчи кои во исто време треба да и помагаат на одбраната, но и нападот ќе бидат Алиоски и Чурлинов.

Барди и Атанасов со поддршка на Елмас треба да ја покријат средината на теренот, додека најистурени ќе бидат Ристовски и Миовски.

Досега имаме одиграно три средби со Молдавија и истите завршија без победник. Во квалификациите за СП 2002 година беше 0-0 и 2-2, додека во 2009 година ремизиравме 1-1 на контролниот тест одигран на 11 февруари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни