Европски првенства
Милевски: Не сум задоволен од резултатот, кога ќе примиш четири гола од прекини значи не си фокусиран

Македонија го претрпе четвртиот пораз во седмиот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство во 2024 година.
Подобра од нас беше селекцијата на Италија која вечерва на „Олимпико“ во Рим не совлада со 5-2 и на некој начин ни се одмазди за позитивните резултати кои ги имавме со нив во претходните три дуели.
„Црвено-жолтите“ повторно покажаа одредени слабости, особено во првиот дел и сосема очекувано селекторот Благоја Милевски е разочаран од играта како и од конечниот резултат.
-Кога ќе примите четири од пет гола од прекини значи не се сте биле доволно фокусиран. Не одигравме како што замислувавме во првото полиувреме, ама по измените второто полувреме бевме подобри. Не изедначиме, се отворивме и тоа не чинеше уште два гола. Не сум задоволен од начинот на кој одигравме во првото полувреме, но и од резултатот, -истакна Милевски кој проговори и за замената на Елиф Елмас.
-Сам побара измена бидејќи падна на физички план. Се гледа дека му недостасува минутажа во клубот, се надевам дека ситуацијата ќе се промени, -рече Милевски.
-
Италијапред 24 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Светпред 9 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Англијапред 22 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Англијапред 14 часа
Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви
-
Светпред 22 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Европски куповипред 23 часа
Лазаров: Ова е историска победа, ќе продолжиме да работиме за доброто на македонскиот ракомет
-
АТПпред 14 часа
Љубичиќ: Синер не е како Алкарас…
-
Англијапред 7 часа
Ѕвезда на Јунајтед се пожали: Критиките од легендите на овој клуб уништуваат животи!