Поврзете се со нас

Англија

Милан го договори Лофтус-Чик од Челси

Објавено

на

Англискиот интернационалец, Рубен Лофтус-Чик е на добар пат да стане нов член на италијанскиот великан Милан.

Повеќе извори пренесуваат дека Челси и Милан се многу блиску до договор за сума од околу 20 милиони евра (16+4 милиони евра бонус). „Росонерите“ подолго време покажуваа интерес за него и на крајот како што стојат работите ќе го обезбедат потписот на играчот кој има 27 години.

Рубен е дете на Челси кој никогаш нема играно надвор од островот, поточно низ кариерата има настапувано на позајмици во Кристал Палас и Фулам.

Останува да се види дали тој ќе биде директна замена за Сандро Тонали или клубот ќе донесе уште некој фудбалер на таа позиција.

Кога се во прашање „росонерите“ тие посакуваат уште еден ас на „сините“, Кристијан Пулишич.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни