Поврзете се со нас

Франција

Меси со еден потег го „испрати по бурек“ играчот на Нант (ВИДЕО)

Објавено

на

Лионел Меси игра одлично на почетокот на оваа сезона во дресот на Пари Сен Жермен, тим кој вчера рутински го победи Нант со 3-0 и со вкупно 16 бода е на првото место во Лига 1.

Аргентинецот не се запиша во листата на стрелци, но одново додели две асистенции со што дојде до бројката шест во оваа категорија, а плус зад своето име има и три погодоци.

Освен успешни додавања Лео имаше и одлични дриблинзи, потези со кои ги исфрлаше од игра противниците, па токму еден таков стана хит, вирален на социјалните мрежи. Ветеранот една магија го „испрати по бурек“ својот чувар по што го проигра Нејмар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни