Поврзете се со нас

Светски првенства

Меси ја доби првата милионска понуда за наметката која ја носеше при подигнувањето на трофејот

Објавено

на

Лионел Меси конечно го дочека моментот да ја подигне толку посакуваната „Златна Божица“, трофејот кој означува дека еден тим успеал да ја освои Светската титула.

По четири неуспешни обиди и многу непроспиени ноќи, Меси како капитен на Аргентина го доби во раце мундијалскиот трофеј, но пред да го подигне, беше почестен и му беше облечена традиционална арапска наметка која означува почит и чест.

Таканаречениот „бишт“ кој му беше облечен на Меси наиде и на негодување кај доста фудбалски фанови и експерти, но оваа наметка сега му ја донесе и првата милионска понуда на аргентинскиот капитен.

Шеикот Ал Тани беше тој кој му ја облече наметката на Лео пред да го подигне трофејот на „Лусаил“ стадионот, а сега истата има вредност од најмалку милион долари.

Ахмед Ал Барвани, познат адвокат од Оман се огласи и испрати официјална понуда до Лео, од кого побара да му ја испрати наметката во замена за еден милион долари.

– Пријателе Меси, ти честитам за големата победа. Истовремено, ти нудам еден милион долари за да ми го дадеш тој бишт што го облече во финалето, – изјавил Ал Барвани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни