Поврзете се со нас

Македонија

Мерџани ја освои титулата со Струга, па одлучи да се врати во Шкендија

Објавено

на

Foto:facebook.com/fcshkendija

Струга направи фудбалска историја и за првпат од постоењето ја освои титулата во Првата македонска фудбалска лига, успех во кој значаен удел имаше Зија Мерџани.

Левиот бек одигра 27 натпревари и беше стандареден во првито тим на Струга, но откако ја освои титулата крај езерото, сега се враќа во клубот кој се всушност негов матичен.

Шкендија денеска објави дека Мерџани се враќа во Тетово и повторно ќе го облече црвено-црниот дрес, со кој претходно двапати триумфираше во најсилното фудбалско друштво во Македонија.

– Шкендија е најголем клуб за мене и секој фудбалер сонува да заигра тука. Добро знам каде доаѓам, ја познавам средината и сигурен сум дека ќе го дадам максимумот.

– Сакам да одговорам на целите кои ги имаат поставено упрвата и спонзорот. Едноставно нема зборови со кои може да се опише чувството кога сте дел од овој клуб, – изјави Мерџани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни