Поврзете се со нас

Шпанија

Мендеш пристигна во Барселона и проговори каде ќе продолжи Ансу Фати

Објавено

на

Ансу Фати никако не можеше да биде задоволен од сезоната која ја имаше во Барслеона и во неколку наврати јавно се закани дека ќе ја промени средината доколку не добие вистинска шанса, но како што стојат работите во овој момент, ситуацијата добила драматично поинаков тек во последните неколку недели.

Младиот офанзивен фудбалер доби прилики за докажување во последните неколку кола и постигна три гола на завршните два меча, што се покажало како добра појдовна точка за него и неговиот татко кога е во прашање следната сезона.

Фати донел одлука да остане во првиот тим на Барса и да се бори за своето место најмалку уште една сезона, а тоа го потврди и Жорже Мендеш, неговиот агент кој денеска пристигна во Барселона.

– Ансу сака да остане во Барселона, а истовремено на последните два меча постигна три гола. Барселона има феномен во својот тим и веќе покажа дека е еден од најдобрите млади играчи.

– Ансу сака да остане и ќе продолжи тука, убеден сум дека е еден од најдобрите на своја возраст. Исто така, верувам дека еден ден ќе ја освои „Златната топка“, – изјавил Мендеш при пристигнувањето во Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни