Поврзете се со нас

Англија

МекТоминеј пропушти златна шанса за победа, Јунајтед и Тотенхем одиграа возбудливо дерби (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед и Тотенхем одиграа отворен и возбудлив дерби меч на „Олд Трафорд“, во кој на крајот двајцата менаџери останаа со измешани чувства со оглед понуденото на теренот.

Јунајтед двапати водеше и беше блиску и до трет гол во последната минута од натпреварот, додека Тотенхем двапати се врати и може слободно да се каже дека заслужи барем бод.

Хојлунд одигра еден од подобрите натпревари во кратката кариера во Јунајтед и запиша гол и асистенција во првото полувреме, најпрво носејќи му водство на својот тим, а потоа додаде до Рашфорд кој погоди за 2:1.

Во првите 45 минути, Тотенхем постигна гол преку Ришарлисон, додека „петлите“ имаа подобро отворање на вториот дел и израмнија со фантастичниот гол на Бентанкур.

Резултатот 2:2 беше активен од 46-та минута, а иако и двата тима се обидуваа да постигнат и трет, на крајот не видовме такво нешто. Најблиску до целта беше Скот МекТоминеј во 95-та минута, но непречен од никого ја испрати топката над голот на Викарио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни