Поврзете се со нас

АТП

Медведев направи пресврт и избори финале против Алкарас

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/BNPPARIBASOPEN

Данил Медведев ќе му биде ривал на Карлос Алкарас во денешното финале на престижниот Индијан Велс.

Рускиот тенисер стартуваше лошо во дуелот против Американецот Пол, но сепак успеа да направи пресврт против најголемото изненадување во полуфиналната фаза.

Пол го доби првиот сет со убедливи 6:1, имаше и тај-брејк шанса за победа, но Медведев го искористи искуството за да израмни, а третиот сет му припадна со убедливи 6:2 за пласман во финалето.

Претходно, Алкарас го доби дербито со Јаник Синер, на речиси идентичен начин, односно со 2:1 во сетови откако го загуби првиот сет со убедливи 6:1. За Италијанецот ова беше и прв пораз во 2024 година, а победата му обезбеди задржување на второто место на АТП ранкингот на Алкарас.

Финалето на Индијан Велс е најавено за вечерва од 22 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни