Поврзете се со нас

АТП

Медведев го доби драматичниот меч со Зверев во Торино

Објавено

на

Данил Медведев ја оствари и втората победа на завршниот Мастерс во Торино, а денеска имаше многу покомплицирана задача против Александер Зверев.

Медведев беше подобар противник во првиот сет кој го доби со 6:3, за во вториот сет да нема ниту еден брејк, по што Зверев беше поуспешен во тај-брејкот со убедливи 7:1.

Русинот се реваншираше на сличен начин во третиот сет, го доби во тај-брејк со 8:6, па на крајот стигна до победата со 2:1 во сетови.

Медведев е речиси сигурен патник во полуфиналето на турнирот, иако до крајот на групната фаза ќе одигра уште еден меч.

Вечерва, на вториот дуел во групата, Хуркач требаше да се сретне со Беретини, но Италијанецот се повлече поради повреда, а ќе биде заменет од неговиот сонародник Јаник Синер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни