Поврзете се со нас

Германија

Матеус предложи идеален тренерски кандидат за Баерн по „корпата“ од Нагелсман: Тој би донел свеж воздух

Објавено

на

Foto:instagram.com/lotharmatthaus10

Баерн Минхен доби втора „корпа“ во краток временски интервал и остана и без втората тренерска опција, откако претходно негативен одговор даде и Чаби Алонсо.

Фантастичниот шпански стручњак реши да остане најмалку уште една сезона во Баер Леверкузен, па по неговата јавна објава за конечната одлука, Баерн тргна во целосна офанзива на Јулијан Нагелсман.

Баварците посакаа да го вратат стручњакот кој го отпуштија пред една година, но иако во прв момент изгледаше како лесно остварливо сценарио, Нагелсман реши да ги одбие луѓето од „Алијанц арена“ и го продолжи договорот како германски селектор.

Ова прави листата на потенцијални наследници на Тухел да се зголемува од ден во ден, а во игра е и актуелниот менаџер на Астон Вила, Унаи Емери.

Шпанецот врши извонредна работа во клубот од Бирмингем и се бори за излез во Лигата на шампионите, а Лотар Матеус е еден од оние кои најмногу навиваат за поранешниот тренер на Севилја и Арсенал.

– Јас би го земал Унаи Емери од Астон Вила. Тој врши неверојатна работа таму, но што е најважно, веќе насобра интернационално искуство и освои важни титули со Севилја. Тој добро зборува англиски, а може да научи и англиски. Но, во денешно време, сите играчи зборуваат англиски, така да не гледам проблем поради јазична бариера. Емери би донел свеж воздух во Баерн, ќе биде ново лице во Бундеслигата и тоа ќе биде идеално за клубот, – вели Матеус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни