Поврзете се со нас

Мото ГП

Маркез заминува од Хонда по 11 години

Објавено

на

Марк Маркез и Хонда постигнале договор според кој ќе ја завршат соработката по крајот на актуелната сезона.

Веста на денот во моторспорт јавноста означува дека Шпанецот ќе се раздели со тимот чиј член е веќе единаесетта година и со чија помош стигна до најголемите успеси во кариерата.

Маркез освои шест Мото ГП титули со Хонда и со години доминираше во кралската класа, но последните сезони беа одбележани со неговите падови и посериозни повреди, како и паузи поради кои не можеше да се врати на препознатливото ниво.

Еден од најуспешните натпреварувачи во историјата на овој спорт нема освоено титула четири години, а имаше уште една година од актуелниот договор со Хонда.

– шест шампионски титули, пет тројни круни, 59 победи, 101 подиум и 64 пол позиции. Напорна работа, посветеност и врската која ја имавме сите овие години, делевме неверојатни моменти. Разделени, но секогаш заедно, – напиша Маркез во својата порака со која го потврди заминувањето од Хонда.

Најавите се дека Марк следната сезона ќе му се придружи на својот брат Алекс Маркез во тимот на Грисини Дукати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни