Поврзете се со нас

Светски првенства

Марцињак им одговори на Французите: Нема да ви ја покажат оваа фотографија (ФОТО)

Објавено

на

Полскиот арбитар, Шимон Марцињак доби високи оценки за судењето на финалето меѓу Аргентина и Франција, односно незадоволни беа само во земјата на „триколорите“ каде испратија доста критики со тоа што најгласен беше реномираниот „Л’Екип“ кој му даде оценка два за сработеното.

Французините веруваат дека Марцињак ги оштетил, поточно за нив е според пеналот над Анхел Ди Марија, но и третиот гол на Аргентина кој требал да биде поништен поради присуство на резервните играчи на јужноамериканците на теренот, играчи кои немаа никакво влијаени при погодокот на Лео Меси.

Сите овие тврдења беа доволни за Шимон да се огласи и испрати неколку пораки.

-Французите не ја спомнаа ситуацијата кога Мбапе постигна еден од головите во кој седум нивни играчи беа на теренот. Какво е влијанието врз играта на фудбалерите кои скокаат или стануваат на клупата? Само одредени медиуми прават врева за сето тоа, -вели Полјакот и додава:

-Ме контактираа и моите пријатели, арбитрите од Франција кои ми пратија пораки дека судењето е одлично. Ми честитаа и многу фудбалери, луѓе од фудбалот. Мбапе ми кажа дека добро сме суделе, рече Шимон кој говореше и за Мбапе.

-Го видов како трепери. Веројатно беше човек на натпреварот, ако може да се каже за некој што загубил. Видов солзи на неговото лице. Ме погледна и виде дека се ракував со Лорис. Отидов кај него и се поздравивме. Му честитав за играта што ја прикажа, а тој ни честиташе и за судењето за време на финалето. Мбапе е одличен фудбалер, -порача арбитарот кој многу често го гледаме на големата сцена.

Угледниот „Лекип“: Правилата велат дека третиот гол на Аргентина требаше да биде поништен (Фото)

200.000 фанови веќе ја потпишаа петицијата за преигрување на мундијалското финале

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни