Поврзете се со нас

Свет

Македонецот блеска: Ѓорѓев со гол и асистенција ја одбележа победата на Арау

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcaarau

Никола Ѓорѓев игра навистина квалитетно во дресот на Арау и тоа го потврди и во соочувањето со Тун каде одигра клучна улога во убедливиот триумф од 3-0.

Тун се обидува да избори директен пласман во првата швајцарска лига, но на гостувањето кај Арау доживеа тежок удар, пораз во кој се истакна македонскиот интернационалец.

Имено Ѓорѓев прво го отвори резултатот во 18 минута, а потоа во 24 забележа и асистенција за 2-0. Во вториот дел стрелаше и Фазлиу со што беше поставен конечниот резултат.

Офанзивецот има учинок од 7 гола и 7 асистенции во Швајцарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни