Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Макаби Хаифа го шокираше Јувентус, Сити ги загуби првите бодови во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

Две големи изненадувања донесоа првите два натпревари од денешната програма во Лигата на шампионите, а за истите се погрижија фудбалерите на Макаби Хаифа и ФК Копенхаген.

Израелскиот првак го шокираше Јувентус и го совлада со 2-0 на свој терен во Хаифа што за нив е прва победа во оваа конкуренција по пауза од две децении. „Старата дама“ одново покажа многу слабости, а истите беа искористени од противникот кој двата погодоци ги даде во првиот дел преку Ацили во 7 и 42 минута.

Со овој резултат Макаби се израмни со Јувентус на табелата, па станува јасно дека овие два клуба ќе се борат за третата позиција која води во Лига Европа.

Во Данска пак ФК Копенхаген не прими гол и освои бод против фаворизираниот Манчестер Сити. „Граѓаните“ имаа многу чудни 30 минути во кои дадоа гол преку Родри, но истиот потоа беше поништен поради игра со рака. Потоа Алжирецот доби можност од пенал да го отвори резултатот, меѓутоа домашниот голман Грабара го прочита неговиот удар.

Потоа следуваше шок за премиерлигашот со оглед на тоа што во 30 минута поцрвене Гомез со што се променија плановите. До крајот немаше промени на резултатот што значи дека англискиот првак ги загуби првите бодови во оваа сезона во елитното натпреварување.

Сепак со 10 поени е прв на табелата, Копенхаген пак има два бода, ама се уште нема дадено гол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни