Поврзете се со нас

Франција

Лил ја искористи грешката на одбраната и го казни шампионот ПСЖ (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/PSG_English

ПСЖ долго време имаше водство на гостувањето кај Лил, но на крајот освои само бод против еден од најквалитетните ривали во француското првенство (1:1).

Гостите дојдоа до предност во 66. минута и тоа со нов пенал, кој Килијан Мбапе го претвори во погодок и водство од 0:1, за тој резултат да биде активен до третата минута од судиското надополнување.

Џонатан Дејвид постигна гол во 93. минута и на тој начин ги израдува домашните фанови, обезбедувајќи важен бод за Лил во шампионатот.

ПСЖ и со реми е лидер во првенството со 37 бодови, додека Лил е на четвртото место со девет бодови помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни