Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски ќе добие соодветна замена: Барселона договорила талентиран бразилски напаѓач (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:thetransferroom.com

Барселона се уште е тивка и официјално нема реализирано ниту еден трансфер, но шпанскиот шампион работи во позадина и само прашање е на време кога ќе биде потврдени одредени зделки.

Една од операциите која е завршена е онаа за дефанзивецот Ињиго Мартинез кој како слободен играч ќе слета на „Камп Ноу“, а пак додека се говори за играчи како Гундоган, Амрабат, Зубуменди…Барса според „АС“ успеала да му најде вистински наследник на Роберт Левандовски, играч кој во блиска иднина би можел да биде главен голгетер на клубот од Примера.

Познатиот шпански медиум преднесува дека е договорен големиот бразилски талент Витор Роке. Се работи за 18 годинешн играч кој веќе дебитираше и за А репрезентацијата на Бразил, фудбалер кој иако е тинејџер е еден од најважните во редовите на Атлетико Параненсе.

Деко одигра клучна улога за оваа зделка која ќе ја чини Барса 40 милиони евра кои ќе бидат исплатени на три рати, додека напаѓачот ќе потпише петгодишен договор.

Роке ќе може да учи директно од Левандовски кој е еден од најдобрите светски напаѓачи, меѓутоа во август ќе наполи 35 години и јасно е дека мора да се размислува за негов наследник.

Со ова ќе се затвори вратата за враќање на Пјер Емерик Обамејанг за кого имаше информации дека има понуди од Саудиска Арабија.

Трансферот пак на Витор ќе биде потврден откако Барса ќе се ослободи од дел од играчите, ќе направи простор за заокружување на доаѓањето на Бразилецот кој имаше огромна желба да потпише за шпанскиот тим, па тој сон на крајот ќе му се оствари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни