Поврзете се со нас

Формула 1

Леклер револтиран од стратегијата на Ферари: Ќе мора да зборуваме со тимот

Објавено

на

Доминантниот изглед на Ферари до средина на трката најавуваше еден-два победа на Шарл Леклер и Карлос Саинц, но наместо тоа, во продолжение видовме вистински кошмар од страна на Скудерија кој резултираше со уште една пропадната трка за двајцата возачи.

Макс Ферстапен внесе паника во таборот на Ферари со своето порано влегување во бокс, а оваа стратегија на Ред Бул комплетно го извади од колосек Ферари кој брзо го повика Леклер и му стави гуми со кои тој едноставно не можеше да парира.

Возачот од Монако брзо го загуби првото место и двапати беше престигнат од Ферстапен кој успеа да си дозволи и извртување од 360 степени, бидејќи тврдите гуми кои му беа ставени едноставно не можеа да го следат темпото на конкуренцијата. Во Ферари ја сфатија грешка и одново го повикаа Леклер за да му стават меки гуми, но со тоа Шарл на крајот заврши шести.

Во финишот од трката тонеше и Саинц и беше престигнат од двата болиди на Мерцедес, па Шпанецот заврши како четврти зад победникот Ферстапен, Луис Хамилтон и Џорџ Расел.

– Ќе мора да зборувам со тимот и да сфатам зошто ме повикаа да ми стават тврди гуми кога бев навистина добар со средната компонента и се беше под контрола. Барав да останам со тие гуми што подолго и не знам зошто преминавме на тврди гуми. Бев комотен со средните гуми и не знам зошто донесовме поразлична одлука, – изјави Леклер за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни