Поврзете се со нас

АТП

Лехечка суреди уште еден фаворит на Индијан Велс (ВИДЕО)

Објавено

на

Тенисерот од Чешка, Јиржи Лехечка направи ново изненадување на Индијан Велс каде суреди уште еден топ фаворит, кандидат за титулата.

Во претходното коло Лехечка му пресуди на Андреј Рубљов и тоа во два сета со 6-4 и 6-4, додека пак вечерва по едно слично сценарио го елиминираше Стефанос Циципас.

Чехот леташе на теренот и првиот сет го доби со 6-2, па воден од таа енергија, самодоверба во вториот направи еден брејк што беше доволен за да дојде до 6-4 и место во четтвртфиналето на Мастерсот во Калифорнија.

Ривал во следната рунда ќе му биде подобриот од мечот Јаник Синер-Бен Шелтон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни