Поврзете се со нас

АТП

Легендарниот Сампрас посочи зошто Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња

Објавено

на

Легендарниот Пит Сампрас одбележи една генерација во светот на тенисот и своевремено беше број еден на светот, а воедно и рекордер по бројот на освоени грен слем титули.

Меѓутоа времето покажа дека има и подобри од него, па го поминаа Рожер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Токму Сампрас се реши да одбере од оваа тројка и за него најдобриот на сите времиња е Ѓоковиќ кој во моментов има 20 грен слем триумфи, а годинава по рекорден седми пат ја заврши како прв на АТП листата.

-Новак е поконстантен, освои повеќе титули, повеќе грен слемови од мене. Би можел да продолжам да зборувам за неговата кариера… Но, мислам дека никој нема да ја заврши годината на прво место толку пати.

-Ова е додаток на се што досега направи. Верувам дека ова повеќе ќе се цени кога ќе биде постар. Тоа го направи во време кога доминираа Рожер и Рафа и одлично се снајде со налетот на новата генерација. Она што Новак го направи во последните десет години, со освојувањето на грен слемовите со овој рекорд се јасни знаци дека тој е најдобар на сите времиња, -порача Американецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни