Поврзете се со нас

Мото ГП

Легендарниот италијански шампион: Роси беше марсовец, но време е за пензија!

Објавено

на

Валентино Роси откри дека имал долг и сериозен разговор со луѓето од Петронас Јамаха по големото разочарување на првата трка во новата натпреварувачка сезона во Мото ГП, која искусниот „Доктор“ ја отвори на исклучително лош начин ако се прави споредба со возачите кои возат ист мотоцикл.

Маверик Вињалес победи на трката за Големата награда на Катар на која Роси заврши дури на 12-то место, резултат по кој сега доби една брутална препорака од страна на свој сонародник и легендарен возач од најсилната мотоциклистичка класа.

Марко Лучинели стана светски шампион со Сузуки во 1981-ва година и важи за жива легенда во својата земја и општо во мотоциклизмот, па поради тоа, неговата последна изјава за 42-годишниот Роси се најде во центарот на вниманието.

– Валентино беше новитет во Мото ГП кога пристигна, на поинаков начин ги возеше трките. Тој беше марсовец, вистински генијалец, но сега треба да се спушти на земја.

– Нема потреба да бара веќе толку изговори после секоја трка. Треба да им остави простор на помладите. Не сакам да му одземам ништо на еден деветкратен светски шампион, но веднаш треба да си замине од Мото ГП и да се пензионира, – вели Лучинели во интервјуто за „Ла Пресе“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни