Поврзете се со нас

Франција

Легенда на ПСЖ за Меси: Не те заслужуваме, мило ми е што ќе си замине

Објавено

на

Лионел Меси е не излезна врата од Пари Сен Жермен или поточно тој ќе си замине од актуелнава средина по завршувањето на договорот кој е со важност до 30 јуни.

Иако пред неколку месеци се некако изгледаше дека Аргентинецот ќе ја продолжи соработката, сега е тоа е многу далеку, невозможно или ако се суди по информациите не доста медиуми веќе е одлучено да се стави крај на љубовта која траеше две години.

Меси воедно и е на мета на дел од навивачите кои почнаа отворено да го навредуваат иако немаат причина за тоа, ако на ова плус се додадат и многуте критики на негова адреса тогаш е јасно зошто ветеранот ќе побара нова клупска средина.

Антоан Комбуаре голем дел од својата играчка и тренерска кариера мина во редовите на ПСЖ и важи за легенда на овој тим, па дефинитивно неговиот став мислење има тежина. Според Комбуаре тие како клуб не се заслужуваат Лео, односно е засрамен од тоа што се случиува околу него.

-Меси едноставно не се допира. Ако го имав Меси ќе му кажев да стои само напред, да не трча и дека нема потреба да се враќа во одбрана. Би добивал топки и би сакал да видам магија.

-Ние комплетно потфрливме со него. Тоа е срамота. Луд сум по него и тој едноставно не се допира. Го сакам фудбалот, неговата игра е се срамам кога ќе видам што се случува. Сега ќе замине и мило ми поради тоа. Фала ти мајсторе, ние не те заслужуваме, порача сегашниот тренер на Нант.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни