Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров одбра за Луксембург, Кизиќ добива шанса пред Томовски

Објавено

на

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација се обидува да го потврди пласманот на Европското првенство во 2024 година, а тоа може да го направи на дуелите против Луксембург и Турција.

Првата средба од овој „прозорец“ ја играме утре против Луксембург, средба за која селекторот Кирил Лазаров се реши да остави двајца играчи во Скопје и тоа Мартин Томовски и Едвин Омерагиќ.

Марко Кизиќ ќе добие шанса пред Томовски, односно голманот на Еурофарм Пелистер и Никола Митревски ќе го сочинуваат нашиот тандем за утрешниот дуел закажан за 20:15 часот

На првата средба во Скопје го добивме овој ривал со 38-24 и ако се суди по тоа се освен наш триумф ќе биде голема сензација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни